Колев и Курнон фаќаат залет кон горниот дел на табелата

Тимот на Курнон Доверњ, предводен од македонскиот стратег Марјан Колев, забележа гостински триумф во 10 коло до Втората лига на Франција.

Курнон Доверњ славеше во драматичен натпревар на гостувањето кај Бијер со 25-24, а ова е втора победа во последните три меча.

Колев пред десетина дена ја продолжи соработката со Курнон до 2025 година, а новиот договор беше прославен со нови два бода.

Сега тимот на македонскиот стратег има 8 бода на 9 место на табелата, а тоа се само три бода помалку од Нанси, кој е шести на местото кое го дава последниот билет за разгирување за француската елита.

Следен предизвик за Курнон Доверњ и Колев ќе биде домашниот дуел со лидерот на табелата Трембле, кој нема загубено бод на десет меча досега.