Колев и Курнон чекорат кон опстанок

Тимот на Курнон Доверњ, чиј тренер е Македонецот Марјан Колев, чекори кон опстанок во Втората лига на Франција.

Курнон влезе во серија порази, која беше прекината на тешкото гостување кај Валанс, каде беше остарена победа со 31-29.

Сега Курнон Доверњ има 14 бодови, односно четири повеќе од составот на Каен, кој се наоѓа во опасната зона на 15 позиција на табелата.

Тимот на Колев е на 13 место, а има осум бодови помалку од шестиот Шербур, кој се наоѓа на позиција што води во разигрувањето за елитната конкуренција.

Во следното коло Курнон Доверњ ја пречекува екипата на Селеста.