Откако Пролет (не)очекувано се повлече од Супер лигата, многу скоро ќе биде познато која екипа ќе го замени во елитната конкуренција.
Скопскиот клуб соопшти дека, поради финансиската ситуација, во сезоната 2026/27 ќе настапува во Првата лига, а со тоа се отвори едно место во најсилното домашно натпреварување.
Струга е најсериозен кандидат да го пополни испразнетото место и експресно да се врати во Супер лигата. Стружани минатата сезона не успеаја да го задржат суперлигашкиот статус, откако во баражот беа поразени од Младост Богданци, но сега би можеле да добијат нова шанса.
Во клубот веќе се случуваат промени, а паралелно се работи и на формирање на ростерот за новата сезона откако Струга остана без неколку ракометари што играа минатата сезона.
Прво и второпласираната екипа од Првата лига, „витамините“ од Автокоманда и Младост Богданци се пласираа во Супер лигата, директно и преку бараж, а трет на табелата беше Драчево Јуниор.
Одлуката за тоа која екипа ќе го замени Пролет во елитната конкуренција треба да ја донесе УО на РФМ во најбрз можен рок.

























