Кој против кого на патот до Келн

Со одигрувањето на натпреварите меѓу Веспрем и ПИК Сегед, односно ПСЖ и Висла Плоцк се комплетираа и четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите.

Немаше никаква неизвесност на ниту еден од осминафиналните двобои и очекувано сите фаворити изборија место во ТОП 8.

Келце лесно се справи со данскиот ГОГ и ќе игра против Магдебург, додека Веспрем не виде мака на двата меча со ПИК Сегед.

Монпелје по слабото прво полувреме на реваншот со Загреб, во второто комплетно го надигра, додека ПСЖ одигра рутински во вториот дуел со Висла Плоцк.

Келце на патот до Келн го има европскиот првак Магдебург, Веспрем ќе игра против данскиот Алборг, Монпелје за ривал го има големиот Кил, додека ПСЖ оди на мега двобој со каталонскиот гигант Барса.

Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 24/25 април, додека реваншите се на 1/2 мај.

ПСЖ е последниот патник во четвртфиналето од ЛШ

Келце лесно го мина ГОГ, за Ф4 ќе се бори против бранителот на титулата!

Загреб се распадна во второто полувреме, Монпелје оди во четвртфинале!

Веспрем по вторпат го преслуша ПИК Сегед и закажа четвртфинале со Алборг