Со комплетирањето на натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите, познати се сите двојки за осминафиналето и четвртфиналето од најелитното натпреварување.
Висла Плоцк ќе се соочи со Нант, Магдебург ќе игра против Динамо Букурешт, ПСЖ оди на мегдан на ПИК Сегед, а најинтересно би требало да биде на двомечот меѓу Келце и Фуксе Берлин.
Осминафиналните средби се на програмата на 26/27 март, односно 2/3 април, додека четвртфиналето во кое се пласираа Веспрем, Барса, Спортинг Лисабон и Алборг, ќе се игра на 23/24 април, односно 30 април/1 мај.
Завршниот турнир ќе се игра во Келн на 14 и 15 јуни.
Во Лигата на Европа, ќе има германски двобој меѓу Мелсунген и Гумерсбах во осминафиналето, а интересно ќе биде на двомечот меѓу португалската Бенфика на Филип Талески и данскиот ГОГ Гудме.
Осминафиналните средби ќе се играат на 25 март, односно 1 април, додека четвртфиналето е на програмата на 22 април, односно 29 април.
Завршниот турнир ќе се одржи во Хамбург на 25 и 26 мај.