„Кога имате повеќе од 15 технички грешки, не можете да и парирате на Германија“

Машката репрезентација на Македонија го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Германија и загуби од домаќинот со 34-25.

Селекторот Кире Лазаров смета дека со толку многу технички грешки не може да се парира на една силна репрезентација како Германија.

„Германија заслужи да победи. Во овој моменти тие се една класа над нас, претходно ја победија Швајцарија убедливо. Не сум задоволен од играта на моите избраници, направивме повеќе од 15 технички грешки. Кога се игра на таков начин, не можеш да и парираш на една Германија. Ќе се обидеме да одиграме подобро против Швајцарија, која покажа дека има одличен тим“, вели Лазаров.

За нашите ракометари останува да го одиграат натпреварот против Швајцарија, која останува со шанси за место во главната рунда на 16 јануари.