Клуб од Србија се откажа од Супер лигата поради финансиски проблеми

Овој викенд продолжија натпреварите во Супер Б лигата во Србија, но екипата на Бела Паланка нема да го продолжи настапот, пренесува српскиот портал „Јужнe вести“.

Во одлуката потпишана од Иван Миливојевиќ, кој е директор на Супер Б лигата, се наведува дека е утврден прекин на натпреварувачките активности на Бела Паланка.

Причината е од финансиски аспект, односно немање финансиски средства, па така не се знае дали клубот ќе продолжи да функционира или ќе замине во ракометната историја.

Екипата на Бела Паланка првиот дел од тековната сезона го заврши на последното 12. место на табелата, запиша само една победа и претрпе дури 10 порази.