На крајот на оваа сезона бундеслигашот Кил ќе остане без еден од ракометарите со најдолг стаж, Патрик Винчек.
По 13 сезони во дресот на „зебрите“, Винчек на лето ќе ја заврши играчката кариера, но ќе добие друга функција во клубот.
„Беше една од најтешките одлуки во мојот живот. Го сакам ракометот и го сакам Кил, но беше време да ја планирам иднината надвор од теренот“, изјави Винчек.
Тој дојде во Кил во 2012 година од Гумерсбах и се профилираше не само како лидер и капитен, туку и како од најдобрите играчи во историјата на „зебрите“.
Винчек освои шест титули во Бундес лигата, четири трофеи во Купот на Германија, како и една титула во Лигата на шампионите. Прошталниот меч за Винчек ќе биде организиран на 25 јули во „Вундерино Арена“ во Кил.