Репрезентативецот на Исланд, Сигвалди Бјорн Гудјонсон, кој моментално е член на норвешкиот шампион Колстад, би можел наскоро да заигра за Кил.
Според пишувањата на исландскиот портал „хендбал.ис“, раководството на Кил и членот на Колстад се во постојано преговори, бидејќи бундеслигашот посакува што поскоро да го види Гудјонсон во своите редови.
Пред почетокот на новата сезона, тимот на Колстад го напушти сонародникот на Гудјонсон, средниот бек Јанус Смарасон, кој ги засили редовите на европскиот првак Магдебург.
Сепак, бидејќи сезоната е веќе започната, можно е трансферот да биде реализиран по завршувањето на првиот дел од оваа сезона, па така Кил ќе добие уште еден одличен ракометар на десната крилна позиција, на која моментално ги има Никлас Екберг и Свен Ериг.
Екипите на Колстад и Кил се едни од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите. Колстад во првото коло гостуваше во Битола, победи убедливо со 31:22, додека гостувањето на Кил во „Боро Чурлевски“ е веќе денес.