Кил го „краде“ од Целје еден од најголемите словенечки таленти!

Еден од најдобрите млади ракометари во словенечкиот Целје, 17-годишниот Патрик Мурко, би можел да замине во Бундес лигата.

Според „Handbalia“, Мурко е предмет на интерес на бундеслигашот Кил, но младиот Словенец би требало да заигра најпрво за вториот тим.

Левиот бек од Целје, кој е дел од талентираната генерација со левото крило Ајшиќ, средниот бек Анжиќ…настапува за кадетската репрезентација на Словенија.

Покрај Мурко, интерес од Барса има(ше) за уште еден талент од Целје, средниот бек Аљуш Анжиќ, но тој ја одби понудата од каталонскиот гигант.