Екипата на Кил е првиот патник на Ф4 турнирот од Лигата на Европа, откако успеа во четвртфиналето да го елиминира незгодниот Лимож.
На првиот натпревар, кој беше одигран минатиот викенд, немаше победник, 26:26, додека на денешниот реванш меч бундеслигашот триумфираше со 35:30 (16:15).
Кил во победата беше предводен од Ерик Јоханесен со седум погодоци, а по шест реализации имаа Емил Мадсен и Бенце Имре. Голманите Вулф и Мрква искомбинираа само седум интервенции.
Најрасположен за игра во поразениот табор беше Фарук Јусуф со седум погодоци, пет имаше Јахја Ел Дера.
За преостанатите три места ќе се борат екипите на Монпелје, Порто, Фленсбург, ГОГ, Бидасоа Ирун и Мелсунген.