Кил донесе хрватски пивот: Верон Начиновиќ три години „зебра“

Германскиот гигант Кил од следното лето ќе биде посилен за хрватскиот кружен напаѓач Верон Начиновиќ.

Хрватот треба да дојде во Кил во 2025 година и се обврза на верност од три сезони, односно ќе биде „зебра“ најмалку до 2028 година.

24-годишниот Начиновиќ потекнува од Замет Ријека, а потоа замина во словенечкиот Целје во 2020 година.

Кратко траеше словенечката авантура, па во 2021 се пресели во францускиот Монпелје, каде ќе ја помине и претстојната сезона.

Претходно „зебрите“ се засилија со Андреас Вулф, Емил Мадсен, Лукас Цербе, Имре Бенце, а идното лето ќе дојде и Гонзало Перез Де Варгас.