Келн останува домаќин на Ф4 најмалку до 2029

Европската ракометна федерација (ЕХФ), градот Келн и „Ланксес“ арената се договорија за предвремено продолжување на нивниот договор.

Според договореното, Ф4 турнирот во Лигата на шампионите ќе продолжи да се игра во Келн уште најмалку три години, односно до 2029.

Актуелниот договор меѓу трите страни беше до 2026 година, но поради остварување на сѐ што беше зацртано претходните сезони, падна нов дил.

Од сезона 2009/10 кога се смени форматот во европската елита, градот Келн и „Ланксес“ арената се домаќини на најдобрите четири европски екипи.

На првиот Ф4 титулата ја освои екипата на Кил, додека на ланскиот Ф4 првото место им припадна на ракометарите на Магдебург.