Келце посакува да ги задржи Каралек, Наи, Душебаев…

Актуелниот шампион на Полска, Келце, посакува во своите редови да ги задржи Артем Каралек, Дилан Наи, Даниел Душебаев и Милош Валах.

Раководството на полскиот гигант преку клупската страна го објави извештајот за работењето на клубот во изминатите недели, како и идните планови околу играчкиот кадар.

,,Продолжуваат преговорите за продолжување на договорите со поголемиот број играчи. Пред сѐ, клубот сака да ги обнови договорите со Артем Каралек, Дилан Наи, Даниел Душебаев и Милош Валах. По повредата на Доминик Мате, кој требаше да се приклучи на тимот во јули 2024 година, ние сме во напредна фаза на преговори со уште еден играч за оваа позиција”, стои во објавата на полскиот шампион.

Една од желбите на Келце е членот на ПИК Сегед, Лука Степанчиќ, кој би можел на лето да се пресели во тимот на Талант Душебаев.