Келце купуваше во Бундес лигата – Моравски потпиша до 2028 година

Полскиот вицепрвак Келце од следната сезона ќе го има на голот Адам Моравски, кој се враќа во татковината по три сезони.

Моравски беше голман на големиот ривал Висла Плоцк од 2013 до 2022 година, пред да се пресели во Бундес лигата.

Таму се уште го брани голот на Мелсунген, но е во сенка на црногорскиот репрезентативец Небојша Симиќ и нема да го продолжи престојот во Германија.

Искусниот 30-годишен чувар на мрежата потпиша договор на три сезони и ќе остане во Келце до 2028 година, иако на насловната фотографија на полскиот клуб стои 2027.

Моравски ќе формира дуо со Словенецот Клемен Ферлин, а тоа значи дека Милош Валах и Бекир Чордалија, или ќе се задоволат со улогата на трет голман, или ќе заминат на позајмици.