Келце ја доби првата четвртфинална битка против европскиот првак

Ракометарите на Келце во првиот четвртфинален дуел против актуелниот бранител на титулата во ЛШ, тимот на Магдебург, славеа со 27:26.

Во големата драма во Келце, голот за победа на полскиот шампион го постигна екс ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ.

Избраниците на Талант Душебаев добро отворија, поведоа со 4:1, бундеслигашот се обидуваше да се врати во игра, но во најголемиот дел од првите 30 минути заостануваше на еден до два негатива.

Сепак, домаќинот не ги искористи во чцелост грешките на ривалот и на пауза замина со минимална предност од 14:13.

Во вториот дел имаше голема борба, секој шут беше важен, па на крајот Келце имаше поголема среќа, откако Карачиќ успешно реализираше на десетина секунди пред финишот, а искусниот Клар не успеа да погоди за реми.