Келце го задржа талентираниот Валах на уште две сезони

Полскиот гигант Келце и 22-годишниот голман Милош Валах ја продолжија соработката за уште две сезони.

Валах во Келце брани од 2017 година, своето деби во најквалитетното натпреварување во Полска го имаше само на 15 години, станувајќи најмлад играч во историјата на полскиот шампионат.

За поголема минутажа, во сезона 2021/22 и 2022/23 мина на позајмоца вотимот на Вибрже, од каде се врати на почетокот на оваа сезона.

,,Милош Валах добро се развива во Келце. На натпреварите од полскиот шампионат и во Лигата на шампионите докажа дека заслужува доверба и веруваме дека ќе биде водечка фигура во тимот. Посебно при повредата на Андреас, тој ја докажа својата корисност за тимот”, изјави спортскиот директор на Келце, Михал Јурецки.

Келце во наредниот период треба да го објави официјалниот ростер за новата натпреварувачка сезона.