Полскиот Келце изминатиот период активно бараше нов чувар на мрежата по заминувањето на Андреас Вулф.
Се чини дека потрагата е завршена и младиот Босанецот Бекир Чордалија ќе застане меѓу стативите заедно со Сандро Мештриќ и Милош Валах.
Хрватскиот „Германијак“ пишува дека Келце го бараше и одличниот Матеј Мандиќ од Загреб, но тој е обврзан со договор до 2026 година.
Иако во неговиот договор постои откупна клаузула, веројатно Келце не бил подготвен да плати голема оштета за Мандиќ, а ни Загреб не посакува да се откаже од својот бисер.