„Сино-белите“ од Автокоманда се пласираа во финалето на Европскиот Куп, иако загубија на гостински терен кај Рунар Сандефјорд со 35-32.
Во драматична завршница, регуларниот дел од мечот беше 34-29, а во пенал рулетот домаќините промашија три пенали, а за македонскиот состав погодија Серафимов, Митев и Петковски.
Ривал на тимот предводен од Кирил Лазаров ќе биде грчкиот АЕК Атина, кој во полуфиналето беше подобар од босанскиот Извиѓач.
Првиот финален натпревар се игра на 17/18 мај, додека реваншот е на 24/25 мај. Кој ќе биде домаќин на првата средба ќе се одрежи со ждрепка претстојната недела.