Ќе биде жешко во Битола – билетите за дербито распродадени за СЕДУМ минути!

Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар в сабота ќе се игра пред полни трибини.

Сите билети за двобојот меѓу шампионот и „црвено-црниот“ тим што беа пуштени во продажба на пладне се продадоа за само седум минути.

Тоа значи дека Вардар го чека пекол во Битола и сигурно нема да им биде лесно да играат во амбиентот што ќе го приредат „Чкембари“.

Вардарци славеа со 27-24 на првата меѓусебна пресметка оваа сезона во Скопје, а сега пелистерци ќе имаат прилика за реванш.

Двата тима сега се во полна форма, но имаат промена на клупите, бидејќи наместо тогашните стратези Бранко Ангеловски и Владо Недановски, сега предводници се странци – Раул Алонсо и Гиљермо Милано.