Тимот на Тиквеш од Кавадарци со победа ги заврши подготовките пред стартот на разигрувањето за титулата.
Избраниците на Раде Стојановиќ славеа на гостувањето кај Прилеп со 33-26, откако и на полувремето водеа со 17-13.
Прилепчани ги очекува жестока битка за опстанок во елитната конкуренција и имаат кратко време за коригирање на слабостите, додека кавадарчани подготвени ќе го почнат плеј-офот.
Тиквеш претходно славеше на два пати против Будуќност, со Ловќен од двете средби имаше половичен успех, и на крајот забележа двоен триумф над Прилеп.
Кавадарчани стартуваат со домашен натпревар против составот на Струга, додека Прилеп во првото коло од плеј-аутот ќе играат дома со Скопје.