Кастриоти на Глигоров со уште една убедлива победа

Тимот на Кастриоти, кој е предводен од македонскиот стратег Владимир Глигоров, оствари уште една убедлива победа во шампионатот на Косово.

Составот на Глигоров славеше против незгодниот тим на Приштина со 11 гола разлика, 49:38.

Кастриоти пред стартот на плеј-оф фазата е позициониран на третото место на табелата, сега има 30 бодови.

Доколку тимот на Глигоров продолжи со одличната форма, тогаш лесно ќе може да избори пласман на европска сцена.