Кастратовиќ: Не одигравме на посакуваното ниво

Ракометарите на Прилеп на свој терен беа поразени од Вардар со 35:22 во натпревар од 4. коло од Супер лигата.

Прилепчани уште од стартот беа во негатива и никако не можеа да фатат ритам, но сепак, во дел од натпреварот покажаа одредени квалитети.

Средниот бек на Прилеп, Владан Кастратовиќ, смета дека со неговите соиграчи не го покажале својот максимум, а пресудно за високиот пораз бил големиот број технички грешки.

,,Загубивме убедливо од Вардар, но добро, знаеме каков тим е Вардар, тим со голема традиција и тим со многу извонредни играчи. Што се однесува до нас, играта не беше на задоволително ниво, имавме многу технички грешки, но ние сме тим кој е многу амбициозен и му треба малку време за поголеми чекори. Големиот број технички грешки доведоа до зголемување на разликата во корист на противникот. Мислам дека сега не чекаат важни дуели, треба да се подготвиме и да го дадеме својот максимум. Дуелите со Мулти Есенс и Голден Арт се дуели кои треба да се добијат и ќе дадеме се од себе за Прилеп да ги освои бодовите во овие два дуели”, изјави Кастратовиќ.

Прилеп во досегашниот тек успеа да обезбеди две победи, против Бутел Скопје и Вардар Неготино.

Ангелески: Пресуди квалитетот и искуството на Вардар

Николиќ броеше до 11, Вардар пресилен за Прилеп