Карбеска и Илиева на нова задача во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за 12 коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Натпреварот меѓу германскиот Битигхајм и унгарскиот Дебрецин ќе помине со македонска арбитража.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат овој дуел што ќе се одигра во германскиот град Лудвигсбург, а делегат ќе биде Уд од Финска.

Натпреварот меѓу Битигхајм и Дебрецин е на програмата на 4 февруари со почеток во 14:00 часот.

Битигхајм има 12 бода на петтото место, додека Дебрецин е шести со девет бода, но и двете екипи се блиску го имаат потврдено местото во осминафиналето.