Карбеска и Илиева на нова задача во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 14 коло во Лигата на шампионите кај дамите.

Покрај Исмаил Металари и Ненад Николовски, уште една двојка од Македонија доби нова задача во женската елита.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат мечот меѓу германскиот Лудвигсбург и данскиот Оденсе.

Овој натпревар кој не одлучува ништо за местата на табелата е закажан за 23 февруари од 14:00 часот.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]