Карбеска и Илиева ќе судат во квалификациите за ЕП 2024

Европската ракометна федерација ги објави делегирањата на официјалните лица за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2024 кај дамите.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска во салата „Салих Омерчевиќ“ во Ќазин.

Ова е натпревар од квалификациската група 1 за место на континенталниот собир што е на програмата на 14 октомври од 20:00 часот.

Хрватките се големи фаворитки на овој натпревар, а претходно двете селекции ќе одиграат против Романија, односно Грција.