Карачиќ потврди: Финалето е мојот последен меч во репрезентацијата!

Хрватска и Данска ќе се борат за златото на Мундијалот на мечот во Осло в недела во „Баерум Арена“.

Без разлика на исходот од овој натпревар, тој ќе биде последен во репрезентативниот дрес за Игор Карачиќ.

„Ќе биде простување дефинитивно, го одиграв последниот меч во Хрватска, а последниот воопшто ќе ми биде финалето“, изјави Карачиќ.

Некогашниот среден бек на Вардар дојде на СП по дополнителниот повик на Дагур Сигурдсон, откако се повреди Лука Циндриќ.