Хрватска славеше со 32-26 против Исланд во натпревар кој мораше да го добие за да остане во трка за четвртфиналето на СП 2025.
По феноменалната партија, Хрватска е прва, но Египет и Исланд имаат исто така по шест бода, па Хрватите ќе мораат во последното коло да ја совладаа Словенија за сигурно прво место и потврда на четвртфиналниот билет.
Капитенот Домагој Дувњак се врати во националниот тим, играше и Игор Карачиќ, а двајца одлично ги одработија своите улоги.
Карачиќ во шега за хрватските медиуми коментираше дека Дувњак веќе го нервира. Играат заедно веќе 20 години, а капитенот на Хрватска го коментираше нивниот однос.
„Со Карачиќ играм од младинците. Има големо срце како Хрватска. Не беше во комбинација, а кога доби повик, веднаш се спакува и дојде. Тоа го можат само големите. Кажал дека веќе го нервирам? Е па заемно е чувството“, исто така низ смеа коментираше Дувњак.
Хрватите сега играат со Словенија, додека Исланд ќе се соочи со Аргентина, а Египет со Зеленортските Острови.