Светската ракометна федерација објави дека е комплетиран списокот на учесници на претстојното Светско првенство за младинци во Полска.
Последното место и припадна на селекцијата на Канада, која патува во Полска откако САД триумфираа на ИХФ Интерконенталниот трофеј за младинци.
САД се квалификуваа претходно преку шампионатот на Северна Америка и Кариби заедно со Мексико, а Канада иако беше петта доби шанса да заигра на СП.
Ова е второ учество на Мундијалите за Канада во оваа категорија, откако претходно играше на СП 2011 во Грција, а во кадетска конкуренција има само едно учество досега, на СП 2019 во Македонија.
Мундијалот за младинци ќе се игра од 18 до 29 јуни во Полска, а Канада ќе биде во групата Д заедно со Португалија, Хрватска и Алжир.