Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од осминафиналето во машкиот Европски Куп.
Камер Металари доби нова евро задача и ќе биде делегат на натпреварот меѓу босанската Слобода Тузла и словенечката Крка.
Овој натпревар ќе се игра во спортскиот центар „Мајдан“ во Тузла, во текот на утрешниот ден од 18:00 часот.
Судии на оваа средба се Манеа и Илиеску од Романија, а реваншот по кој ќе биде познат патникот во четвртфиналето ќе се игра во Ново Место следниот викенд.