Следното лето за првпат женските Европски првенства во младинските категории ќе се одиграат со 24 селекции.
Според националниот рејтинг, кадетките ги прескокнуваат квалификациите и се пласираа директно на континенталниот собир заедно со уште 19 други селекции.
Покрај Македонија, тука се уште Данска, Унгарија, Германија, Франција, Хрватска, Холандија, Норвешка, Шведска, Црна Гора, Романија, Исланд, Португалија, Швајцарија, Чешка, Србија, Шпанија, Австрија, Словенија и Фарски Острови.
За останатите четири места ќе се борат уште осум репрезентации поделени во две групи, а натпреварите ќе се играат во ноември оваа година. Најдобрите две од двете групи ќе се пласираат на ЕП.
Европското првенство за кадетки е на програмата од 30 јули до 10 август, додека Европското првенство за младинки ќе се игра од 9 до 20 јули.
На ЕП 2025 за младинки, за кое нема квалификации, ќе играат најдобрите 24 селекции според рејтингот, а меѓу нив е и Македонија.
ЕП 2025, кадетки, квалификации:
група А: Полска, Литванија, Финска, Израел
група Б: Словачка, Турција, Италија, Украина