Викендов се комплетираше 7. коло кај кадетките, и со тоа заврши есенскиот дел.
Стружанка славеше против Јехона со високи 37-16. Најефикасна во редовите на Стружанка беше Елена Балоска со десет гола, додека кај Јехона најефикасни беа Мила Николоска и Јана Андоноска со по шест гола.
Ѓорче Петров триумфираше против Илинден Вардар со 24-19. Најефикасна кај Ѓорче Петров беше Симона Блажевска со десет погодоци, додека кај Илинден Вардар најефикасна беше Ева Ѓеорѓиевска со 11 погодоци.
Вардар го доби дуелот со Чаир со 29-15. Победничката репрезентација беше предводена од Леона Миленкоска, која постигна шест погодоци. Во поразениот табор најефикасна беше Хана Мифтари со четири реализации.
Делчево Вардар немаше многу проблеми против Гевгелија и оствари убедлива победа со 11 гола разлика, 23-12.
На табелата лидер е Стружанка со 19 бода, на второто место е Вардар исто со 19 бода, третото место го презема Ѓорче Петров со 15 бода, потоа следуваат Илинден Вардар и Гевгелија со по 9 бода, Делчево Вардар со 6 бода, Чаир со 5 бода и последна е Јехона со 0 бодови.
Кадетска лига (жени), 7. коло, резултати:
Делчево Вардар – Гевгелија 23-12
Чаир – Вардар 29-15
Илинден Вардар – Ѓорче Петров 19-24
Јехона – Стружанка 16-37