Машката кадетска репрезентација загуби на првиот пријателски натпревар пред стартот на Европското првенство.
Избраниците на Наум Танески беа поразени од врсниците од Грција со 28-23 во Маврово и стана јасно дека мора да ја подобрат формата.
Во текот на утрешниот ден, овие две селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар пред ЕП.
Македонија е во група со Франција, Германија и Полска, и ќе има тешка задача да се пласира во главната рунда во Црна Гора.