По минималниот пораз од селекцијата на Словенија, машката кадетска репрезентација на Македонија загуби на вториот пријателски натпревар.
Избраниците на Наум Танески беа поразени од селекцијата на Австрија со 28-25, откако и на полувремето имаа негатива одтри гола, 13-10.
Овие два меча беа дел од подготовките за настап на Европското првенство што ќе се одржи во август.
Македонија ќе биде во група со силните Франција и Германија, како и со селекцијата на Полска на ЕП од 7 до 18 август.