Кадетите и кадетките ги дознаа ривалите – еве против кои ќе играат на СП во Скопје

Ждрепката за групите на Светското првенство во училишен ракомет се одржа денеска во Скопје, а нашите репрезентации ги дознаа своите ривали.

Кадетките предводени од Даниела Новеска се најдоа во групата Ц, заедно со селекциите на Словачка, Грузија и Белгија.

Кадетите на Горан Кузманоски ќе бидат дел од групата А и ќе играат против Грузија, Саудиска Арабија, Бугарија и Република Српска.

Првенството ќе биде отворено утревечер од 19:30 часот, а натпреварите ќе се играат од 22 до 28 април во шест скопски сали.

Натпреварите се играат во две полувремиња од по 25 миннути, а по групната фаза следува четвртфинале, полуфинале, па финале.

Светско првенство, кадети:

група А: Саудиска Арабија, Бугарија, Македонија, Грузија, Република Српска
група Б: Бразил, Романија, Израел, Косово, Грција
групц Ц: Луксембург, Србија, Кипар, Кина,
група Д: Германија, Словачка, Грузија 2, Белгија, Хрватска, Турција

Светско првенство, кадетки:

група А: Романија, Бразил, Косово, Израел
група Б: Шведска, Србија, Хрватска, Кипар
група Ц: Словачка, Македонија, Грузија, Белгија
група Д: Германија, Бугарија, Турција, Грција