КАДЕТИ: Соколоски и даде 12 гола на Струга, Атанасов блесна во Неготино – се разгорува борбата за Ф4

Изминатиот неколку дена се комплетираа натпреварите од 12 коло во групите А и Б, како и 14 коло во група В од машката кадетска лига.

Во групата А, лидерот Струга славеше против Прилеп со 32-28. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа кадетските репрезентативци Мечкароски и Велјаноски со девет, односно седум гола. Во составот на Прилеп отскокна Јован Соколоски, кој имаше дури 12 реализации и беше нерешлива енигма за домаќините.

Охриѓани славеа кај Скопје и се доближија на само два бода до првопласираната Струга, додека Еурофарм Пелистер забележа висока победа над Кузман Вардар. Борбата за директното место на Ф4 ќе се води меѓу Струга и Охрид.

Во групата Б лидерот Еурофарм Пелистер 2 загуби на гости кај Мулти Есенс, но останува на првото место на табелата и блиску до пласман на завршниот турнир. Младост Богданци славеше на гости кај Неготино, а половина од головите ги постигна Ѓорѓе Атанасов – вкупно 15.

Голден Арт со убедливиот триумф над Партизан останува во трка за првите две позиции, а мечот меѓу Вардар и Тиквеш заврши нерешено.

Во група В лидерот Алкалоид забележа убедлива победа кај Куманово, а интересна ќе биде битката за втората позиција која носи бараж натпревар за место на завршниот турнир. Бутел Скопје предводен од Лука Перуновски со девет гола победи на гости кај Астраион и се израмни на втората позиција со Бисинов со по 22 бода, а овие две екипи ќе играат меѓусебе во следната рунда и ќе биде јасно кој ќе биде поблиску до баражот за Ф4.

Група А:
Струга – Прилеп 32-28
Скопје – Охрид 29-32
Еурофарм Пелистер – Кузман Вардар 37-21
Преспа Вардар слоб.
ТАБЕЛА: Струга 27 бода, Охрид 25, Преспа Вардар 16, Еурофарм Пелистер 15, Прилеп 9, Скопје 6, Кузман Вардар 0

Група Б
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 25-21
Вардар Неготино – Младост Богданци 26-30
Голден Арт – Партизан Гевгелија 32-22
Вардар – Тиквеш 27-27
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 2 30 бода, Мулти Есенс 27, Голден Арт 25, Тиквеш 17, Вардар 17, Младост Богданци 10, Вардар Неготино 3, Партизан 0

Група В
Куманово – Алкалоид 14-34
Борец – Аеродром 18-41
Астраион – Бутел Скопје 25-35
Бисинов слоб.
Македонија ЃП слоб.
ТАБЕЛА: Алкалоид 36, Бисинов 22, Бутел 22, Куманово 19, Аеродором 13, Македонија ЃП 9, Астраион 6, Борец 0