Кадети: Прилеп убедлив кај Кузман Вардар, Бутел со пресврт до триумф против Аеродром

Изминатите денови се комплетираше 3. коло во кадетската лига во машка конкуренција.

Во група А, Прилеп беше убедлив на гости кај Кузман Вардар со високи 44-24. Најефикасен кај Прилеп беше Дино Колевски со 15 погодоци, додека кај Кузман Вардар најефикасен беше Марио Петровски со 13 погодоци.

Скопје триумфираше против Преспа Вардар со резултат 34-30. Најефикасни кај Скопје беа Александар Антиќ и Марко Ковачевиќ со по осум гола, додека кај Преспа Вардар најефикасни беа Иван Костовски со осум гола и Матеј Нонковски со седум гола.

Охрид кој е лидер на табелата во група А ја оправда фаворитската улога кај екипата на Еурофарм Пелистер, откако славеше со 35-27. Најефикасен кај тимот на Охрид беше Никола Стефаноски со 11 гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасни беа Архангел Трсунов со осум гола и Стефан Лазаревски со седум гола.

Во група Б, Мулти Есенс беше убедлив против Вардар Неготино со 35-13. Најдобар стрелец кај Мулти Есенс беше Јован Петрески со осум гола, додека кај Вардар Неготино најдобар стрелец беше Трене Треневски со три гола.

Голден Арт освои бодови во натпреварот со Младост Богданци, откако забележа победа со 30-27. Предводник кај Голден Арт беше Борјан Црцаревски со девет гола, додека кај екипата на Младост Богданци предводници беа Ѓорге Атанасов и Јован Каровски со по 11 погодоци.

Еурофарм Пелистер 2 беше сигурен на гости кај Тиквеш и победи со високи 43-31. Најдобар кај Еурофарм Пелистер 2 беше Томче Пецаковски со 12 гола, додека кај Тиквеш најдобар беше Мики Лазов со 14 гола.

Вардар со висока победа на домашен терен против Партизан Гевгелија од 41-18. Најефикасни во тимот на Вардар беа Максим Тодоровски и Огнен Тасевски со по осум гола.

Во група В, Алкалоид доминантен против Астраион со високи 49-23. Најефикасен кај Алкалоид беше Теодор Пецаноски со осум гола, додека кај Астраион најефикасни беа Гоце Аргиров со осум гола и Кире Георгиев со седум гола.

Минималец на Бутел Скопје против Аеродром со 25-24. Иако на полувреме Аеродром имаше предност, сепак Бутел Скопје со пресврт стигна до победа. Најдобар кај Бутел Скопје беше Лука Перуновски со осум гола, додека кај Аеродром најдобри беа Боријан Благоев со осум гола и Иван Ќурчиев со седум гола.

Бисинов убедлив кај Македонија Ѓорче Петров со 43-22. Најефикасни кај Бисинов беа Мартин Иванов со 12 гола и Панче Ристевски со 10 гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасни беа Кристијан Ѓероски и Ненад Соколоски со по пет гола.

Кадети, 3/4. коло, резултати:

Група А
Кузман Вардар – Прилеп 24-44
Скопје – Преспа Вардар 34-30
Еурофарм Пелистер – Охрид 27-35
Струга слоб.

Група Б
Вардар – Партизан Гевгелија 41-18
Вардар Неготино – Мулти Есенс 13-35
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 31-43
Голден Арт – Младост Богданци 30-27

Група В, 4 коло
Македонија Ѓорче Петров – Бисинов 22-43
Бутел Скопје – Аеродром 25-24
Алкалоид – Астраион 49-23
Куманово слоб.
Борец слоб.