Кадети: Фаворитите според очекуваното, убедливи победи на Охрид и Струга

Во изминатите денови се одиграа голем број натпревари во машката кадетска лига и се комплетираше 2 коло

Во група А, Охрид триумфираше против Кузман Вардар Илинден со високи 49-19. Најефикасен кај Охрид беше Стефан Матески со осум гола, додека кај Кузман Вардар Илинден најефикасен беше Лука Савовски со шест гола.

Изненадување приреди Преспа Вардар, каде го совлада Еурофарм Пелистер со 29-25. Струга беше убедлива против Скопје со 43-30. На табелата во група А, Охрид, Струга и Еурофарм Пелистер имаат по шест бода.

Во група Б, убедлива победа за Еурофарм Пелистер 2 против Вардар Неготино со 48-15. Дербито за Мулти Есенс против Голден Арт со резултат 30-21. Најефикасен кај Мулти Есенс беше Филип Насевски со 12 погодоци, додека кај Голден Арт најефикасен беше Марко Каркалашев со седум погодоци.

Во група В, тимот од Автокоманда го води орото со 9 бодови, откако триумфираше против Борец со високи 44-15, потоа следува Бисинов со 6 бода, кој го совлада Куманово со 32-25.

Кадети, 2. коло, резултати:

Група А
Охрид – Кузман Вардар Илинден 49-19
Струга – Скопје 43-30
Преспа Вардар – Еурофарм Пелистер 29-25
Прилеп слоб.

Група Б
Мулти Есенс – Голден Арт 30-21
Партизан Гевгелија – Тиквеш 28-33
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар Неготино 48-15
Младост Богданци – Вардар 31-35

Група В
Борец – Алкалоид 15-44
Астраион – Македонија Ѓорче Петров 42-32
Бисинов – Куманово 32-25
Аеродром слоб.
Бутел Скопје слоб.