Јовановски брани одлично на Кипар, Анортозис од второ место во битка за титулата

Македонскиот интернационалец Мартин Јовановски остави одлична полусезона зад себе во кипарскиот шампионат.

Битолчанецот беше меѓу клучните ракометари во дресот на Анортозис во регуларниот дел од првенството и на некои од натпреварите беше херојот за победа.

Aнортозис има 24 бода на второто место пред лидерот Парнасос Строволу, кој има 25 бодови на лидерската позиција.

Претстојниот викенд стартува плеј-офот со најдобрите четири екипи на Кипар, а прв ривал на Анортозис и Јовановски ќе им биде Парнасос.

Покрај овие две екипи, уште Европски Универзитет и АПОЕЛ ќе бидат во трката за титулата.