Јанкуловски: Со одлична одбрана стигнавме до важна победа

Екипата на Струга на гостувањето во Скопје кај Аеродром запиша важен триумф од 31:25 во натпревар од 7. коло од суперлигашката конкуренција.

Струга со новите освоени бодови веќе се наоѓа со една нога во плеј-оф фазата, сега на свое конто има 12 бодови, додека дебитантот остана на 9 бода и со теоретски шанси за место меѓу најдобрите четири во групата А.

Еден од подобрите во составот на Струга беше Тодор Јанкуловски, кој истакна дека неговиот тим од натпревар во натпревар ја подига формата на играта.

,,Со борбена игра и одличната одбрана стигнавме до важна победа во битката за пласман во плеј-оф фазата. Клучен фактор за освоените три бода против Аеродром беше и тоа што ја спречивме нивната брза транзиција и сите играчи го испочитуваа она што беше договорено пред натпреварот, односно за време на тренинзите во претходниот период. Можам да кажам дека од прикажаната игра на денешниот дуел сум задоволен, полека но сигурно екипата се воигрива, од натпревар во натпревар стануваме се подобри, сите играчи напредуваат и се надевам дека ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е пласман во плеј-оф фазата”, изјави Јакуловски.

Составот на Струга во следното, 8. коло ќе го одигра дерби дуелот против Охрид, кој во досегашниот тек од сезоната обезбеди пет победи и моментално е третопласиран во групата А.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122

 

Стружани го совладаа Аеродром и се многу блиску до плеј-офот