Јанкуловски и Рикановиќ едногласни: Одиме во Битола да се претставиме во добро светло

Ракометарите на Струга в сабота ги очекува тежок предизвик, ќе му гостуваат на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Стружани во изминатите пет кола не успеаја да освојат бод и до крајот од сезоната ќе посакуваат да пружат солиден отпор против фаворитите.

Еден од поискусните во составот на Струга, десното крило Тодор Јанкуловски, го најави утрешниот дуел со Еурофарм Пелистер.

,,Екипата на Еурофарм Пелистер е голем фаворит во саботниот натпревар, наше е да се бориме и да се покажеме во што подобро светло. Мислам дека до крајот на сезоната Струга има шанса да стигне до некоја победа, за оваа сезона целта ја остваривме, се пласиравме во плеј-оф фазата”, изјави Јанкуловски.

Голманот Дејан Рикановиќ го дели истото мислење со својот колега и се надева на добра партија против фаворизираните битолчани.

,,Одиме во Битола да го дадеме нашиот максимум и да се покажеме во добро издание. Секако дека како и секоја екипа, така и Еурофарм Пелистер има свои мани, но тие се големи фаворити на дуелот, а на нас е добро да анализираме и да се обидеме да пружиме добра партија. Како што напоменав, ќе се обидеме да покажеме добра игра”,  изјави Рикановиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Струга ќе се одигра утре со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090