Mariia JANKULOVSKA, North Macedonia vs Hungary, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 02.12.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Јанкуловска: Верувам дека оваа репрезентација има светла иднина

Женската репрезентација на Македонија уште во групната фаза го заврши настапот на Европското првенство 2024, на кое ко-домаќини се Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Нашата репрезентација беше во група со Шведска, Турција и Унгарија, а избраничките на Кристијан Грчевски освоија само бод, оној во ремито против Турција.

Една од најзаслужните за освоениот бод, после 16 години на Европските првенства, беше младата Марија Јанкуловска.

Битолчанката беше една од дебитнаките во нашата репрезентацијата и на своето прво големо натпреварување ја оправда дадената доверба.

Младата ракометарка на социјалните мрежи ги сподели импресиите по дебитанскиот настап на континенталниот собир.

,,Зборовите не можат да го опишат чувството кога сонот од детството ќе ти стане реалност. Горда на целиот ТИМ и неописиво благодарна на БОГА. Верувам дека оваа екипа има светла иднина”, напиша Јанкуловск на социјалните мрежи”.