Јанкуловска: Сакаме да покажеме ракомет убав за очи

Ракометарките на Ѓорче Петров утре ќе го пречекаат Елче во реванш дуелот од четвртфиналето во Европскиот Куп.

Македонскиот шампион ќе посакува со победа да ја заврши сезоната на европска сцена, бидејќи на првиот натпревар доживеа висок пораз.

Левиот бек Ангела Јануловска заедно со нејзините колешки ќе имаат задача да се претстават во подобро светло.

,,Голем успех е тоа што се надминавме самите себе си од претходната година и се пласиравме во најдобрите осум екипи во Европскиот Куп, замислената цел е остварена, но кога го постигнавме тоа се роди желба да направиме уште некој чекор повеќе. Јас верувам во мојот тим, знам дека секоја од нас на терен ќе го покаже она што го имаме тренирано. Сакаме да покажеме ракомет кој ќе биде убав за очи”, изјави Јанкуловска.

Битолчанката се надева на голема поддршка од трибините во реваншот против Елче.

,,На нашите фанови и сите љубители на ракометот, најпрво им се заблагодарувам за досегашната поддршка, која ја имавме на секој натпревар, без нив ќе беше далеку потешко да стигнеме до четвртфиналето и ги поканувам во недела да ги наполнат трибините во салата Автокоманда и заедно да направиме една убава атмосфера”, заврши Јанкуловска.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра утре почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.

Бесплатен влезот за реванш дуелот меѓу Ѓорче Петров и Елче

Чурлиновска: Имаме потенцијал со победа да ја завршиме сезоната во Европа