Бесплатен влезот за реванш дуелот меѓу Ѓорче Петров и Елче

Ракометарките на Ѓорче Петров во недела ќе го одиграат реванш дуелот против шпанскиот Елче во четвртфиналето од Европскиот Куп.

Ѓорчепетровки на првиот натпревар, кој беше одигран минатиот викенд, не се покажаа во добро светло и беа поразени со 36:21.

Избраничките на Симе Симовски на реваншот ќе имаат задача да го поправат впечатокот, но и со победа да го завршат настапот на евроспка сцена.

Македонскиот шампион за оваа сезона ја оствари зацртаната цел во Европскиот Куп бидејќи направи чекор повеќе од ланската сезона и успеа да се пласира меѓу најдобрите осум екипи.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра на 17 март со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“. Влезот за сите љубители е слободен.

Чурлиновска: Имаме потенцијал со победа да ја завршиме сезоната во Европа