Женската младинска репрезентација на Македонија на СП во Скопје го доживеа првиот пораз, откако во второто коло од групната фаза загуби убедливо од Исланд со 29:17 (11:11).
Иако Македонија добро стартуваше, осум минути беше без примен гол, сепак, Исланд успеа да направи камбек и во второто полувреме целосно доминираше на теренот.
Селекторот на Македонија, Дарко Јанев, го анализираше поразот и истакна дека неговите избранички не одиграле според договореното.
,,Стартувавме добро, игравме добро во првите 20 минути, а после тоа сѐ тргна наопаку. Не одигравме според договореното и направивме премногу технички грешки”, изјави Јанев.
Утре Македонија против Ангола ќе се бори за пласман во главната фаза на младинскиот Мундијал.
Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа