Јанеска Килдан и Трабзон завршија во ТОП 5 во Турција

Екипата на Трабзон Ортахисар, каде што игра македонската репрезентативка Моника Јанеска Килдан, го освои петтото место во турскиот шампионат.

Трабзон ја доби серијата „подобар од три“ со екипата на Гореле, откако славеше на третата пресметка на гости со 44-22.

Во оваа убедлива победа на Трабзон, македонската репрезентативка беше меѓу најдобрите и успеа да постигне пет погодоци.

Претходно на домашен терен Трабзон имаше победа и пораз, па серијата мораше да се реши со трет натпревар.

Со овој триумф, Трабзон обезбеди место во Европа и ќе може да се пријави за настап во ЕХФ Европскиот Куп.