Ја прекинува пензијата само за два меча

Поранешниот репрезентативец на Германија, Мануел Шпат, кој по сезона 2021/22 ја заврши кариерата, реши да се врати на терените за само два меча.

Искусниот кружен напаѓач ќе му помогне на Штутгарт само во дуелите против екипите на Гепинген и Вецлар.

Штутгарт доколку победи на двата дуели, тогаш ќе се замеша во трката за пласман меѓу најдобрите десет екипи во најсилната лига на светот.

Шпат играше за Штутгарт три години, од 2017 до 2020, потоа направи трансфер во Хамбург пред да замине во пензија.

38-годишниот ракометар ја извршува функцијата главен менаџер на ватерполо клубот „Еслинген“.