Извиѓач „изгоре“ во грчкиот пекол, АЕК со една нога во финале!

АЕК Атина веќе може да прави планови за финалето во Европскиот Куп, откако во првата полуфинална средба славеше против Извиѓач со 37-28.

Победникот беше најавен уште по првото полувреме кога избраниците на Фредерик Бужан водеа со плус седум, 20-13.

На босанскиот првак ќе му треба вистинско чудо во реваншот за да се надева на финале, а искусниот состав од Атина тешко дека ќе си дозволи таков луксуз да загуби со повеќе од девет гола разлика.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кеита со седум гола, како и Панајоту и Сако со по шест, а голманот Жанти имаше 14 одбрани. Кај Извиѓач, голманот Суљевиќ запре 15 удари на домашните, а Вукшиќ стрелаше шест пати.

Победникот од овој двомеч ќе се бори со победникот од двомечот меѓу тимот на Кирил Лазаров и Рунар за трофеј во Европскиот Куп.