Израелските клубови се откажаа од европските купови!

Европската ракометна федерација објави дека сите израелски клубови што беа дел од Европскиот Куп ги откажаа своите натпревари.

Со оглед на актуелната ситуација во оваа држава, трите претставници на Израел нема да ги играат двомечите претстојниот викенд.

Станува збор за екипите на Макаби Ришон Ле Зион, каде што игра Градимир Чаневски, Хапоел Холон и Хапоел Ашдод.

Тоа значи дека нивните ривали Слобода Тузла, БК-46 и Стеауа Букурешт, со службени победи се пласираа во третата рунда.

Засега единствениот женски тим, Макаби Аразим Рамат Ган, кој во ноември треба да игра со турскиот Јаликавак, се уште фигурира како еден од учесниците во Европскиот Куп.