Селекторот на машката сениорска репрезентација на Данска, Николај Јакобсен, заедно со неговите избраници ќе има нов предизвик на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.
Јакобсен во интервју за данскиот портал „jyllands-posten“ зборуваше за неговиот сегашен начин на живот. Тој последните години имаше неколку операции поради проблеми со коленото кое го повреди пред 20 години.
Искусниот стратег истакна дека по операциите се вратил во посакуваната форма и единствен проблем му е неможноста да трча.
„Мило ми е што изгубив 25 килограми. Но, ова не е обид да се доведете во одредена форма. Операциите во 2021 и 2023 година направија огромна разлика во мојот квалитет на живот. Порано тешко можев да направам нешто. Сега можам да вежбам, да играм падел неколку пати неделно и да одам на долги прошетки. Но, сè уште не можам да трчам. Но, квалитетот на мојот живот се подобри, што ми даде можност да влезам во добра форма. Сега успеав да ослабам и сум горд на тоа”, изјави Јакобсен.
Данскиот стратег го повреди коленото во 2001 година додека играше за Кил кога при контра се судри со противничкиот голман.